БЕЗБОЛЕН НЕАБЛАТИВЕН ЛИФТИНГ – ПОМАЛКУ ТРЕТМАНИ ПОДОБРИ И ПОБРЗИ РЕЗУЛТАТИ

Со најновата 450 PICOSECOND ласерска технологија со вградена иновативна Pico FOCUS HEXA MLA леќа овозможува основниот ласерски зрак да се прекрши на мноштво на микро ласерски зраци. Секој микро ласерски зрак е со 15 пати поголема ласерска енергија од основната .

 

При изведување на ласерскиот третман, оваа збирна концентрирана фокусирана ласерска енергија од микро ласерски зраци со времетраење од 450 пико секунди создава микро деструктивни зони налик на микро шуплини во структурата на папиларниот дермис, субпапиларниот дермис и ретикуларниот дермис. Веднаш по создавањето на микро шуплините настапува процес на исполнување на истите со голем број на еритроцити и започување на процесот на регенерација – процес на создавање на нов колаген и еластин.

Многу важно е дека епидермалниот слој останува неоштетен. Ласерскиот третман за подмладување на кожата е максимално безбеден и безболен.

 
По третманот нема никакви знаци на пролонгирани црвенила, хиперпигментации, хипопигментации или лузни како што е случај со застарената Q-SWITCH 8 – 10 nanosecond ( 8000- 10000 picosecond )ласерска технологија.
Пациентите веднаш пo третманот можат да го забележат резултатот на помазна, помлада и позатегната кожа како резултат на контракција на постоечкиот колаген и тие веднаш можат да си ги извршуваат секојдневните активности.

 
Сето ова 450 PICOSECOND ласерска технологија со иновативната Pico FOCUS HEXA MLA леќа ја прави супериорна во однос на останатите методи како PRP, овошни киселини, дермапен, дермаролер, третмани со контактна високофрекфентен плазма апарат, ИПЛ, SYNERON ELOS WRA/Refirm, Q-SWITCH nanosecond CLEAR LIFT –ALMA LASER, PIXEL –ALMA LASER … итн…

 
Резултатите со еден ласерски третман со 450 Pico FOCUS HEXA MLA се еднакви на резултатите добиени од повеќе ласерски третмани со Q-SWITCH NANO ласерска технологија.
Со оваа 450 PICOSECOND ласерска технологија со голем успех се третираат и сите упорни пигментни промени на кожата од хормонални побуди (мелазми, клоазми или постпородилни пигментации), пеги, старачки флеки, кератози, вродени пигентации и црвенила, постинфламаторни црвенила од повреди и акни, постинфламаторни пигментации, тетоважи со тројно помал број на третмани во однос на Q-SWITCH nanosecond CLEAR LIFT –ALMA LASER , ИПЛ …итн.

 
За повеќе информации за 450 Pico FOCUS HEXA MLA ласерскиот третман закажете бесплатен преглед на телефон 023113115.
ВО ЗАВИСНОСТ ОД ИНДИКАЦИЈАТА И ОБЕМОТ НА РАБОТА ЦЕНАТА ПО ТРЕТМАН ЈА ОДРЕДУВАМЕ НА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕГЛЕД!!!