Вратете го назад часовникот, бидете 10 години помлади !

Оваа метода овозможува безбедни, ефикасни третмани со максимални резултати и минимално боледување.

Фрексел ласерскиот систем третира микроскопски волумени на кожа со секој пулс, оставајќи го околното ткиво недопрено што овозможува побрзо заздравување во споредба со традиционалните ласери. Овие ткн.Микроскопски третман зони се вертикални строго дозирани-по длабочина и ширина-аблации на површина од 1цм.2на епидермисот и дел од дермисот меѓу кои останува нетретирано здраво ткиво кое ја забрзува регенерацијата и го скратува времето на боледување на само 2 дена.

Со еден третман се поминува до 20% од кожата поради што потребни се 3-5 третмани за постигнување на оптимални резултати.Фрексел е прецизен и ефикасен и на деликатните делови како областа околу очите и усните, вратот, градите. Ефикасноста и безбедноста на овој третман е потврдена со бројни клинички студии за што сведочи и ФДА одобрувањето.

Третманот започнува со темелно чистење на кожата и нанесување на топична анестетичка крема за обезболување на местото 1 час пред третманот. Потоа докторот поминува со ласерот преку кожата при што пациентот чувствува лесно штипкање или пецкање. Пациентите го опишуваат како минимално болно.

Третманот трае околу половина час. По третманот треба да очекувате благо црвенило кое ќе исчезне постепено во наредните два дена.Бидејќи следи процес на замена на оштетеното ткиво со ново, вашата кожа лесно ќе се лупи во наредните неколку дена. Чувството на сувост и затегнатост се намалува со повеќекратно нанесување на креми кои ја хидрираат кожата и ја забрзуваат епителизацијата.

По 24 до 48 часа може да нанесете мејк ап и да одите на работа,односно да си продолжите со секојдневните активности. За да ја заштитите новата кожа задолжително е аплицирање на креми со висок заштитен фактор и одбегнување на сонцето .

Првите резултати се видливи веднаш по третманот, но крајниот резултат еволуира во наредните 6 месеци што е период во кој продолжува активната регенерација и ремоделирање на колагеното и еластично ткиво.