За Нас

2Промените на видливите делови на телото, односно на кожата, кај секој човек предизвикуваат огромен психолошки стрес, а тоа, пак, често е проследено со повлекување на личноста во себе и со нејзиното комплетно затворање.

Луѓето што страдаат од дерматолошки заболувања какви што се акни, проширени капилари или пигментации во голем број случаи се дистанцираат од јавниот живот, страдаат од депресија и, неретко, во толкава мера се затвораат што им се пореметуваат сите посуштествени животни планови и  желби.

Во последниве години напредокот на технологијата во медицината и новите научни сознанија до тој степен се усовршија што ваквите аномалии на кожата се решаваат, што се вели, со третмани на “нозе”.

Здравствената организација “Дерма Медика”, која во областа на дерматологијата работи веќе цели 24 години, е врвно технички и кадровски опремена и ваквите болести на кожата ги елиминира на многу едноставен и безболен начин.

Под водство на доктор примариус Петар Пешиќ и тим на млади и перспективни кадри оваа здравствена организација е на самиот врв кога станува збор за овој тип здравствени услуги во Македонија.
IMG_5939Се работи за установа што професионално се фокусира на здравствени и естетски третмани на кожата кои вклучуваат дерматовенеролошки прегледи, крио терапија, елекрокоагулација (третман на кондиломи, брадавици, невуси, папиломи), ласер биостимулација (акни, алопеција, херпес, разни инфламации), козметички третмани за лице и грб (акни, митисери, милиуми, комедони) и дермоскопија (неинвензивно откривање на ракот на кожата).

Денешната дерматалогија успешно се справува со голем број на заболувања кои, со оглед на тоа што нивните последици се јасно видливи, претставуваат сериозен естетски проблем што го оптоварува пациентот, особено ако тие заболувања се хронични. Кај многу пациенти спонтано можат да се појават определени естетски проблеми како последица на заболувањето (црвенила, проширени капилари, пигментации) или како  последица на процесот на стареење. Видливите процеси можат да настанат по дваесеттата година и можат да бидат условени од многу различни причини какви што се: начинот на живеење, генетските предиспозиции, изложеност на сонцето итн.