ЛАСЕРСКО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ТЕТОВАЖИ СО 450 PICOSECOND ЛАСЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА

Најновата 450 picosecond ласерска технологија ги отстранува сите нијанси на бои на тетоважи како и тетоважи што не може целосно да се отстранат со предходната генерација на ласери со нано технологија.

 
Со напредната 450 picosecond ласерска технологија тетоважите се отстрануваат со значително помал број на третмани во однос на 6-8 nanoseconds ласерска технологија ( еквивалентно на 6000 -8000 picosecond) .
Предноста на новата picosecond технологија е во тоа што емитираниот ласерски зрак е со 100 пати пократок импулс во однос на nanosecond технологија.


Предноста на најновата 450 picosecond ласерска технологија (0,45 nanosecond) е во тоа што ласерскиот зрак се емитира со голема моќност од 1,3 Giga watt што резултира голем фотоакустичен удар врз пигментните честички на бојата .
Овој фотоакустичен удар допринесува постоечките пигментни честички кои се заробени меѓу клетките да се разбијат на поситни честички и да се елиминираат од телото по природен пат. Овој зрак ги разбива и најситните честички лоцирани во подолните слоеви на кожата .


Покрај фотоакустичниот ефект овој зрак има мал фото термален ефект.
Малиот фото термален ефект на новата 450 picosecond допринесува несаканите последици како лузни , хипопигментации , хиперпигментации итн. да се сведе на минимум.


Старата генерација на nanosecond ласери емитираат ласерски зраци исклучиво со висок фото термален ефект врз пигментните четички и околното ткиво а тоа резултира кон зголемен број на несакани оштетувања на кожата како лузни, побелување на кожата, пигментирање на кожата итн…


Многу често и со многубројни ласерски третмани со старата nanosecond ласерска технологија неможат да се отстранат некои тетоважи со светло сина , светло зелена , пурпурна и портокалово-жолта .
450 picosecond ласерска технологија ги отстранува тетоважите што не можеле ласерски да се извадат со многубројни третмани со nanosecond ласери како и тетоважите кои ги содржат сите нијанси на боја.


Затоа во еминентните светските ласерски центри кружи слоганот:
ШТО НЕМОЖЕ NANO LASER МОЖЕ PICO LASER !!!!


За повеќе информации закажете бесплатен консултативен преглед на тел. 02 3 113 115