Лекување лузни на кожата

Лузни (CICATRIX)

luzni-od-povredi4

Лузните се бенигни и често појавувани промени на кожата кај човекот во тек на неговиот животен век. Тие претставуваат процес на регенерација (обновување) на сврзно ткиво, кое го заменува оштетеното ткиво во субдермалните слоеви на било кое место на кожата. Оштетувања само на епидермисот не е услов на создавање на лузни.

Кожните оштетувања настануваат под влијание на разноврсни видови причинители кои создаваат траума и воспаленија на кожата (посекотини, хируршки интервенции, разни видови на бактеријални заболувања некротично-гангреносни процеси и др.)

Лузните се компактни промени од зрело сврзно ткиво, тврди по конзистенција во кои еластичните влакна се отсатни или со минимална присатност. Во нив се отсатни лојните и потните жлезди како и фоликулите на влакната.

Во почетокот од нивното формирање тие со црвено месната боја која во тек на времето побелува или се хиперпигметира (потемнува). Обликот и големината на лузните е адекватен на просторот на оштетената кожа. Запремински лузните можат да бидат во ниво на околната здрава кожа, над нејзиното ниво (хипертрофични лузни) или пак да бидат вовлечени под нивото (атрофични лузни).  Вообичаено лузните се само естетски проблем на кожата, но понекогаш во зависност од нивната големина и локација тие можат да причинуваат ограничена подвижност во предел на ледиран регион кај пациентот.

За отстранување на лузните се користат повеќе разработени методи. Ефектност од нивната примена секогаш е подобра доколку започне во раната фаза од нивното формирање (во тек на првите три месеци), бидејќи во тој период сврзното ткиво се уште не е созреано и има релативно по мека конзистенција поради што овозможува постигање подобар ефект во лекувањето.

Во терапијата најчесто се користат помади од различен состав за премачкување на лузните кое бара упорност за подолг период на време. Истовремено, а за подобар ефект во лузната може да се даваат и депокортикостероидни инекции. Крио терапијата применувана самостојно или комбинирана со горенаведената терапија обезбедува уште поефектно лекување.

Во терапијата се применува и длабока дермоабразија со која се постигнува побрз и позадоволителен ефект. Во најново време се применува модерна ласерска аблативна терапија чија примена е визуелно контролирана, прецизна, брза, поуздана и мошне ефектна исо значителна предност над горе наведените трапеутски методи. Лекување на лузните секогаш треба да биде во надлежност на дерматолог и пластичниот хирург.