Новости

НОВО ВО ДЕРМА МЕДИКА !!!!

Брзо, безболно и ефикасно трајно отстранување на несакани влакна  од сите делови на телото со последна генерација  на диоден  Soprano XL ласер.

Диодниот Soprano XL ласер од најновата генерација користи лизгачка техника со сонда во движење, која има активно ладење и ја штити кожата од можни оштетувања. Може да се применува и во летните периоди и на исончана кожа.  После третманот  доколку  се изложиме на сонце  нема да се случи изгореница, или било каква друга несакана промена.

 

Ординацијата Дерма Медика е единствена во регионот која ги поседува двата водечки ласери со лизгачка техника со сонда во движење; Диодниот   Soprano XL ласер  со бранова должина  од 810 нм  , и  диодниот Iridex Laserscope Lyra i ласер со бранова должина од 1064 нм.

Зракот на диодниот Soprano XL ласер  може да продре до 3,3 мм во кожата , додека зракот од диодниот Iridex Laserscope Lyra i ласер  може да продре и до 7 мм во кожата и е единствен ласер со ФДА сертификат за отстранување на поткожни(враснати) влакна.

 

Исто така ординацијата поседува и трет ласерски апарат со уникатна  Syneron ELOS  технологија кој емитира ласерска и биполарна радио фреквенција . Ласерскиот третман со оваа технологија  е махимално безбедeн, бидејќи во текот на ласерската епилација доколку софтверот регистрира можно прегревање на кожата и нејзино евентуално оштетување автоматски се прекинува емитирњето на енергијата. Само со свој тип на ласерка технологија трајно се отстрануваат послабо пигментирани  влакна од сите регии на телото останатите .

 

 

Вратете го назад часовникот, бидете 10 години помлади !

Оваа метода овозможува безбедни, ефикасни третмани со максимални резултати и минимално боледување.

Фрексел ласерскиот систем третира микроскопски волумени на кожа со секој пулс, оставајќи го околното ткиво недопрено што овозможува побрзо заздравување во споредба со традиционалните ласери. Овие ткн.Микроскопски третман зони се вертикални строго дозирани-по длабочина и ширина-аблации на површина од 1цм.2на епидермисот и дел од дермисот меѓу кои останува нетретирано здраво ткиво кое ја забрзува регенерацијата и го скратува времето на боледување на само 2 дена.

Со еден третман се поминува до 20% од кожата поради што потребни се 3-5 третмани за постигнување на оптимални резултати.Фрексел е прецизен и ефикасен и на деликатните делови како областа околу очите и усните, вратот, градите. Ефикасноста и безбедноста на овој третман е потврдена со бројни клинички студии за што сведочи и ФДА одобрувањето.

Третманот започнува со темелно чистење на кожата и нанесување на топична анестетичка крема за обезболување на местото 1 час пред третманот. Потоа докторот поминува со ласерот преку кожата при што пациентот чувствува лесно штипкање или пецкање. Пациентите го опишуваат како минимално болно.

Третманот трае околу половина час. По третманот треба да очекувате благо црвенило кое ќе исчезне постепено во наредните два дена.Бидејќи следи процес на замена на оштетеното ткиво со ново, вашата кожа лесно ќе се лупи во наредните неколку дена. Чувството на сувост и затегнатост се намалува со повеќекратно нанесување на креми кои ја хидрираат кожата и ја забрзуваат епителизацијата.

По 24 до 48 часа може да нанесете мејк ап и да одите на работа,односно да си продолжите со секојдневните активности. За да ја заштитите новата кожа задолжително е аплицирање на креми со висок заштитен фактор и одбегнување на сонцето .

Првите резултати се видливи веднаш по третманот, но крајниот резултат еволуира во наредните 6 месеци што е период во кој продолжува активната регенерација и ремоделирање на колагеното и еластично ткиво.

ДЕРМАРОЛЕР – најнова нехируршка процедура за подмладување, хиперпигментации, третман на стрии и лузни од акни

Користи систем на стотици микро убоди со одредена длабочина во кожата (0,2-1,5мм) кои стимулираат синтеза на колаген по природен пат .

 

Резултат:

  • Затегање на опуштената кожа
  • Намалување на порите
  • Подобрување на структурата и дебелината на дермисот
  • Измазнување на фините линии и брчките
  • Редуцирање на атрофичните и хипертрофични лузни
  • Избелување на хиперпигментациите
  • Третманот е целосно безбеден, не бара боледување.

За потенцирање на ефектите од дермаролерот во текот на третманот се аплицираат одредени супстанци кои помагаат во решавањето на проблемот што го третираме

-витамин Ц-за хиперпигментации, лузни, стрии

-хијалуронска киселина-за подмладување, третирање на фини линии и брчки

-DMAE препарат за затегнување со брз лифтинг ефект

-аргирелин за мимични брчки

 

Лекување лузни на кожата

Лузни (CICATRIX)

luzni-od-povredi4

Лузните се бенигни и често појавувани промени на кожата кај човекот во тек на неговиот животен век. Тие претставуваат процес на регенерација (обновување) на сврзно ткиво, кое го заменува оштетеното ткиво во субдермалните слоеви на било кое место на кожата. Оштетувања само на епидермисот не е услов на создавање на лузни.

Кожните оштетувања настануваат под влијание на разноврсни видови причинители кои создаваат траума и воспаленија на кожата (посекотини, хируршки интервенции, разни видови на бактеријални заболувања некротично-гангреносни процеси и др.)

Лузните се компактни промени од зрело сврзно ткиво, тврди по конзистенција во кои еластичните влакна се отсатни или со минимална присатност. Во нив се отсатни лојните и потните жлезди како и фоликулите на влакната.

Во почетокот од нивното формирање тие со црвено месната боја која во тек на времето побелува или се хиперпигметира (потемнува). Обликот и големината на лузните е адекватен на просторот на оштетената кожа. Запремински лузните можат да бидат во ниво на околната здрава кожа, над нејзиното ниво (хипертрофични лузни) или пак да бидат вовлечени под нивото (атрофични лузни).  Вообичаено лузните се само естетски проблем на кожата, но понекогаш во зависност од нивната големина и локација тие можат да причинуваат ограничена подвижност во предел на ледиран регион кај пациентот.

За отстранување на лузните се користат повеќе разработени методи. Ефектност од нивната примена секогаш е подобра доколку започне во раната фаза од нивното формирање (во тек на првите три месеци), бидејќи во тој период сврзното ткиво се уште не е созреано и има релативно по мека конзистенција поради што овозможува постигање подобар ефект во лекувањето.

Во терапијата најчесто се користат помади од различен состав за премачкување на лузните кое бара упорност за подолг период на време. Истовремено, а за подобар ефект во лузната може да се даваат и депокортикостероидни инекции. Крио терапијата применувана самостојно или комбинирана со горенаведената терапија обезбедува уште поефектно лекување.

Во терапијата се применува и длабока дермоабразија со која се постигнува побрз и позадоволителен ефект. Во најново време се применува модерна ласерска аблативна терапија чија примена е визуелно контролирана, прецизна, брза, поуздана и мошне ефектна исо значителна предност над горе наведените трапеутски методи. Лекување на лузните секогаш треба да биде во надлежност на дерматолог и пластичниот хирург.

Трајно отстранување на влакна

Ласерското отстранување на несакани влакна за да биде успешно и безбедно по однос на здравјето треба да се изведува со висококвалитетни ласери потврдено со FDA сертификат и да работат стручни лица кој имаат големо познавање искуство со ласерската технологија.Во ласерскиот центар Дерма Медика работиме со напредната Elight (elos технологија) Syneron и Laserscope Lyra и laser (Nd:yag 1064 nm)

Предности во однос на другите ласерски системи:

Elight elos Syneron е единствен систем кој има и оптичка ласерска енергија и биполарна радио фреквенција(elos) и е со прв  и единствен FDA сертификат од таков тип.

Може да работи и како ласер (ipl) доколку е исклучена биполарната радио фреквенција.

При третманот кожата се лади со специјало патентирана сонда од 0-5 ° C  и континуирано се мери загреаноста на кожата. Доколку системот забележи можно прегревање на кожата, автоматски се исклучува.Поради тоа не може да дојде до изгореници, пурпура, лузни, хипопигментација.

Тоа не е случај и со останатите дерматолошки ласери или ипл системи.

Затоа трајното отстранување на влакна со овој тип на ласер е најбезбедно.

Биполарната радиофреквенција енергијата  со ласерскиот зрак може да продре до 5 мм во кожата и затоа успешно може да се третираат влакната на било која регија.  Тоа не е случај и со другите дерматолошки ласери  или ипл уреди каде зракот може да продре во кожата максимум 3.3 мм и затоа неможе да се отстранат влакната  кои се формираат во подлабоките слоеви од кожата.

Со Elight(elos)  ласерот при  третманот во фоликулата се создава температура и до 100 ° C,

Тоа не е случај и со конкурентните дерматолошки ласери кои можат да создатат температура максимум до 42 ° C, која не е доволна трајно да ги отсрани и посветло пигментиранита влакна.

Сето ова Elight(elos) ласерот го прави помоќен и од најакиот диоден ласер.

Со Elight(elos) ласерот трајно се отстрануваат сите типови на влакна од сите регии  и типови на кожа(од тип 1 до тип 6)  и истовремено се подмладува кожата, се стимулира нов колаген и еластин

LYRA и laser Laserscope Nd:yag 1064 nm е прв ласер што има добиено FDA сертификат за трајно отсранување на влакна од сите типови на кожа(од тип 1 до тип 6).Единствен ласер чиј зрак продира 7.5мм во кожата што овозможува трајно да се отстранат и влакната кои растат најдлабоко во кожата ,како и поткожните влакна. Тоа не е случај и со другите дерматолошки ласери и ипл уреди каде зракот може да продре максимум 3.3 мм со што нема можност да се третираат сите влакна.Несаканите влакна се третираат со специјално димензионирана сонда со фото
рисајклинг ефект  ( ласерскиот зрак што се одбива од кожата при третманот,се врака во сондата и повторно се усмерува во кожата) Тоа значи  махимално искористување на енергијата и немање на потреба вакната да се третираат со многу високи енергии како што е случај со диодните ласерски уреди што користат а  енергија  од 120Ј/цм².

Кожата се лади  до 0 ° Ц .

Со LYRA I ласерот може да се третираат и исончани кожи без последици.Со самиот третман се создава нов колаген и еластин во кожата потврдено со фда сертификат. Енергија на зракот на  LYRA I ласерот е иста во целото поле на делување , што не е случај со други ласери И ipl уреди кои произведуваат зраци што имаат импулси со многубројни оштри пикови кои се неефекти во третманите и се штетни по кожата

Само овие два ласера работат на база на vortex технологија што значи дека не се уништува само коренот на влакното туку и сите клетки на 25 микрони по должина на влакното. Како резултат на оваа технологија се уништуваат и клетките што се предодредени за репродукција на веќе уништеното влакно.Затоа третманите со овие ласери се трајни, а тоа е докажано со над 40 клинички студии и FDA одобрувања.

Ласерското отстранување на несакани влакна за да биде успешно и безбедно по однос на здравјето треба да се изведува со висококвалитетни ласери потврдено со FDA сертификат и да работат стручни лица кој имаат големо познавање искуство со ласерската технологија.Во ласерскиот центар Дермамедика работиме со напредната Elight (elos технологија) Syneron и Laserscope Lyra и laser (Nd:yag 1064 nm)

Предности во однос на другите ласерски системи:

Elight elos Syneron е единствен систем кој има и оптичка ласерска енергија и биполарна радио фреквенција(elos) и е со прв  и единствен FDA сертификат од таков тип.

Може да работи и како ласер (ipl) доколку е исклучена биполарната радио фреквенција.

При третманот кожата се лади со специјало патентирана сонда од 0-5 ° C  и континуирано се мери загреаноста на кожата. Доколку системот забележи можно прегревање на кожата, автоматски се исклучува.Поради тоа не може да дојде до изгореници, пурпура, лузни, хипопигментација.

Тоа не е случај и со останатите дерматолошки ласери или ипл системи.

Затоа трајното отстранување на влакна со овој тип на ласер е најбезбедно.

Биполарната радиофреквенција енергијата  со ласерскиот зрак може да продре до 5 мм во кожата и затоа успешно може да се третираат влакната на било која регија.  Тоа не е случај и со другите дерматолошки ласери  или ипл уреди каде зракот може да продре во кожата максимум 3.3 мм и затоа неможе да се отстранат влакната  кои се формираат во подлабоките слоеви од кожата.

Со Elight(elos)  ласерот при  третманот во фоликулата се создава температура и до 100 ° C,

Тоа не е случај и со конкурентните дерматолошки ласери кои можат да создатат температура максимум до 42 ° C, која не е доволна трајно да ги отсрани и посветло пигментиранита влакна.

Сето ова Elight(elos) ласерот го прави помоќен и од најакиот диоден ласер.

Со Elight(elos) ласерот трајно се отстрануваат сите типови на влакна од сите регии  и типови на кожа(од тип 1 до тип 6)  и истовремено се подмладува кожата, се стимулира нов колаген и еластин

LYRA и laser Laserscope Nd:yag 1064 nm е прв ласер што има добиено FDA сертификат за трајно отсранување на влакна од сите типови на кожа(од тип 1 до тип 6).Единствен ласер чиј зрак продира 7.5мм во кожата што овозможува трајно да се отстранат и влакната кои растат најдлабоко во кожата ,како и поткожните влакна. Тоа не е случај и со другите дерматолошки ласери и ипл уреди каде зракот може да продре максимум 3.3 мм со што нема можност да се третираат сите
влакна.Несаканите влакна се третираат со специјално димензионирана сонда со фото рисајклинг ефект  ( ласерскиот зрак што се одбива од кожата при третманот,се врака во сондата и повторно се усмерува во кожата) Тоа значи  махимално искористување на енергијата и немање на потреба вакната да се третираат со многу високи енергии како Што е случај со диодните ласерски уреди Што користат а  енергија  од 120Ј/цм².

Кожата се лади  до 0 ° Ц .

Со LYRA I ласерот може да се третираат и исончани кожи без последици.Со самиот третман се создава нов колаген и еластин во кожата потврдено со фда сертификат. Енергија на зракот на  LYRA I ласерот е иста во целото поле на делување , што не е случај со други ласери И ipl уреди кои произведуваат зраци што имаат импулси со многубројни оштри пикови кои се неефекти во третманите и се штетни по кожата

Само овие два ласера работат на база на vortex технологија што значи дека не се уништува само коренот на влакното туку и сите клетки на 25 микрони по должина на влакното. Како резултат на оваа технологија се уништуваат и клетките што се предодредени за репродукција на веќе уништеното влакно.Затоа третманите со овие ласери се трајни, а тоа е докажано со над 40 клинички студии и FDA одобрувања.

Третман на цистични акни

Се работи за пациент на возраст од 18 години со цистични акни во градната  регија. Освен на лицето, како најчеста локализација, акните може да се појават и во другите себороични (со голема концентрација на лојни жлезди) регии, како градите и грбот.

По извршениот преглед беше направен тераписки план: антибиотска терапија преку уста (поради екстензитетот на зафатенити регии), локална терапија за дома, и дерматолошки третмани кои ќе ги изведуваме во ординацијата. Третманот го започнавме со хемиски пилинг, со цел да постигнеме добра екфолијација на задебелениот површен слој, да ја намалиме лојната секреција и да делуваме во правец на нормализирање на процесот на делба на кожните клетки. Потоа следуваше мануелна експресија на затворените и отворените комедони, кои претставуваат претходници на акните.

Бидејќи се работи за средно тежок облик на акни со формирање цисти, покрај стандардниот третман со Blue light ласерот, го употребивме и Green light ласерот – Hd Sag Lira, кој освен што врши оксигенација на ткивото и уништување на бактериите propionibacterium acnes, делува и на самата лојна жлезда во правец на нејзино намалување, како по обем, така и по количество на излачената лој. Беа спроведени 8 ласерски третмани, 2 пилинга и 3 мануелни експресии.

Резултатот е повеќе од очигледен.

Откако постигнавме стабилизација, продолживме со третмани за одржување еднаш месечно.

Fraxel ласер третман

image-52

image-47Денес, повеќе од кога и да е, луѓето сакаат да добијат млада, чиста и блескава кожа за најкус можен временски период, притоа без поголеми нарушувања и промени во секојдневниот изглед.

Како што пациентите имаат потреба од третман кој ќе се вклопи во нивната дневна рутина, така и лекарите мора да изнаоѓаат решенија за да одговорат на нивните барања.

Решението сега е откриено – и се нарекува фрексел ласер третман. Фрексел подразбира употреба на најновата ласерска технологија во естетската медицина, која ги стимулира регенеративните процеси на организмот  преку контролирано селективно оштетување на длабоките слоеви на кожата, што резултира со формирање нов колаген и нова затегната млада кожа.

Резултатот е драматична рејувенација за многу кратко време со минимален down time.Конвенционалните аблативни ласерски третмани (со целосно отстранување на површинските слоеви на кожата) се ефикасни, но доколку не се изведат стручно, може дојде до појава на сериозни нусефекти.

Овие третмани бараат подолго време на боледување (носење преврска до две недели, црвенило што може да трае и до 6 месеци). Од друга страна, пак,
неаблативните ласерски третмани имаат минимални нусефекти, нема боледување, но за да се постигнат добри резултати потребно е да се повторуваат многупати.

Фрексел технологијата е револуционерно решение. Благодарејќи на единствениот фракциониран модел на фототермолиза, фрекселот го обединува најдоброто и од конвенционалните аблативни и од неаблативните ласерски третмани, така што дава драматични резултати со минимално време на заздравување.

Во 2001 г., тим од инженери, истражувачи и научници ја поставија основата на новиот метод во ласерските интервенции на кожата, т.н. фракционирана фототермолиза. Овој метод овозможува безбедни, ефикасни третмани со максимални резултати и минимално боледување.

Фрексел ласерскиот систем ги третира микроскопските волумени на кожата со секој пулс, оставајќи го околното ткиво недопрено, што овозможува побрзо заздравување во споредба со традиционалните ласери. Овие т.н. микроскопски третман зони, се вертикални строго дозирани (по длабочина и ширина) аблации на површина од 1см2 на епидермисот и дел од дермисот, меѓу кои останува нетретирано здраво ткиво што  ја забрзува регенерацијата и го скратува времето на боледување на само 2 дена.

Со еден третман се поминува до 20% од кожата, поради што се потребни 3-5 третмани за постигнување оптимални резултати. Фрексел е прецизен и ефикасен и на деликатните делови, како што е областа околу очите и усните, вратот и градите. Ефикасноста и безбедноста на овој третман е потврдена со бројни клинички студии, за што сведочи и ФДА одобрувањето.Третманот започнува со темелно чистење на кожата и со нанесување на топичен анестетички крем за обезболување на местото 1 час пред третманот. Потоа, докторот поминува со ласерот преку кожата, при што пациентот чувствува лесно штипкање или пецкање. Пациентите го опишуваат како минимално болно. Третманот трае околу половина час.

По третманот треба да се очекува благо црвенило што ќе исчезне постепено во наредните два дена. Бидејќи следува процес на замена на оштетеното ткиво со ново, кожата лесно ќе се лупи во наредните неколку дена. Чувството на сувост и затегнатост се намалува со повеќекратно нанесување на кремови што ја хидрираат кожата и ја забрзуваат   епителизацијата. По 24 до 48 часа, пациентот може слободно да нанесува шминка и да оди на работа, односно да продолжи со своите секојдневни активности. За да се заштити новата кожа, задолжително е аплицирање на кремови со висок заштитен фактор и одбегнување на сонцето.

Првите резултати се видливи веднаш по третманот, но крајниот резултат еволуира во наредните 6 месеци, што претставува период во кој продолжува активната регенерација и ремоделирање на колагеното и еластичното ткиво.

Со овој третман се коригираат бројни неправилности на кожата, како: брчките, брчки околу очите и усните, опуштената кожа (кожа оштетена од хронолошкото стареење и штетното делување на сончевите зраци), проширените пори, пигментните промени  (старечки, сончеви дамки, мелазма пигментации од хормонален дисбаланс: бременост, контрацепција), лузните од акни, хируршките  или посттрауматските лузни и стрии.

Фрексел ласерот е идеален третман за бришење на трагите на времето од вашата кожа.

Вратете го назад часовникот, бидете 10 години помлади!

Ефикасно лекување на акни

akni1Акните се мошне чести заболувања на кожата. Можат да се појават кај двата пола на секоја возраст: кај бебиња, адолесценти, тинејџери, постари луѓе. Се работи за хронична воспалителна болест на пилосебацеалната структура на кожата (целина составена од влакнен фоликул и од лојна жлезда).

Дали ќе дојде до појава на акни зависи од неколку фактори: генетската предиспозиција (се наследува големината на лојните жлезди), дејството на хормоните (нарушен однос на половите хормони) и присуството на бактерии во лојната жлезда. Под дејство на овие фактори настанува воспалителен процес на кожата со појава на митесери (бели и црни), папули (површни јазли), пустули (гнојаници), нодули (болни, модри јазли) и цисти (празнини).

Овие  промени се јавуваат најчесто на лице (чело, образи, нос, брада), а може да се јават и на кожата на вратот, рамената и градната регија.Најчесто, акните се појавуваат во пубертетот и во адолесценцијата (70-80% од пациентите имаат акни во втората и во третата деценија од животот), но може да имаат продолжена еволуција и подоцна во животот, со различна клиничка слика.

Акните го нарушуваат естетскиот изглед и на многумина им наметнуваат психичко оптоварување, затворање во себе, асоцијално однесување, и депресивност.Конвенционалниот пристап во лекувањето на акните вклучува користење на ретиноиди (и локално и преку уста), системски и локални антибиотици во пролонгирани режими.

Лекувањето трае подолго, во просек од 3-6 месеци, со можност од појава на бројни нусефекти од системската терапија, како и резистентност на локалната антибиотскаи антисептична терапија.Светски тренд во третманот на акните е употребата на алфа хидрокси киселини во комбинација со фототерапија со сина светлина.

Овој протокол се спроведува на следниот начин:

– Се почнува со хемиски пилинг – Neo Strata, патентиран препарат на база на алфа хидрокси киселина – гликолна киселина. Се нанесува на болната кожа и
доведува до намалување на лојната секреција, смирување на воспалението, а со тоа и до намалување на формирањето акни. Истовремено прави ексфолијација, благо лупење на оштетени клетки на кожата, и поттикнува создавање здрава кожа.

– Седум дена по хемискиот пилинг следува мануелна експресија на митесерите и помалку воспалените пустули (гнојаници). Непосредно по направената мануелна експресија се спроведува ласерска терапија. Ласерите дејствуваат само на кожата, а не на поткожното ткиво и на хормоните.

Кај полесни  форми на акни се користат  Bluelight и E-light-Syneron ласери. Blue light (сина светлина) ги убива бактериските причинители, а кај потешките форми се применува  Green light ласер.

Кај тешките форми на акни со формирање на цисти, покрај стандардниот третман со Blue light ласерот, го применуваме и Green light ласерот кој, освен што врши оксигенација на ткивото и уништување на бактериите Propionibacterium acnes, делува и на самата лојна жлезда во правец на нејзино намалување, како по побем, така и по количество на излачената лој. Динамиката со која ќе се спроведува овој протокол на ефикасно лекување, зависи од тежината на клиничката слика.

Најчесто, хемискиот пилинг се спроведува еднаш на три до четири седмици, мануелната експресија на секои седум дена, паралелно со ласер терапија во текот на четири до шест недели.  Во споредба со конвенционалната терапија, овој протокол е побезбеден (избегнати се нусефектите од системската терапија), дава побрзи, подобри резултати и спречува појава на лузни.

За само 4-6 недели пациентите се задоволни од лекувањето и имаат вратена самодоверба.

Дигитална анализа на кожата

pacientНајнов тренд во водечките светски центри на полето на дерматологијата и  естетската медицина е дигиталната анализа на кожата, со која започнува и завршува секој третман.

Оваа сеопфатна анализа на основните параметри  што ја детерминираат кожата, ни помага да ја утврдиме фактичката состојба, да дијагностицираме какво било оштетување и потоа да го подготвиме  најсоодветниот тераписки план со кој ќе постигнеме најдобри резултати.

Skin analyzer апаратот преку дигитална анализа  на  серија фотографии со висока резолуција, со обична, поларизирана и УВ светлина, врши квалитативно, но и квантитативно одредување  на следните параметри  на кожата:

1. количеството на себум – продукт на лојните жлезди, кој е неопходен за одржување на хидролипидната бариера на кожата. Зголемената продукција на себум предизвикува масна кожа, склона кон акни, додека пак намалената продукција резултира со сува кожа, која е чувствителна на надворешните влијанија и склона кон црвенила и иритации;

2. степенот на хидратација – кој зависи од количеството вода врзано за молекулите на хијалуронската киселина во длабоките слоеви на кожата;

3. степенот на еластичност – кој зависи од бројот на колагени и еластични влакна во длабоките слоеви на кожата и кој по 30-тата година почнува да се намалува;

4. степенот на прокрвеност – кој зависи од состојбата на крвните садови, врз која најголемо влијание има животниот стил (исхраната, физичката активност, пушењето) како и постоењето  на одредени органски заболувања (атеросклероза, покачен крвен притисок, хормонални нарушувања, итн.);

5. големината на порите – која зависи од типот на кожата (масната кожа има поголеми пори), но и од степенот на цврстина и еластичност на кожата;

6. присуството на пигментации – сончеви пеги, старечки дамки (кои се резултат на штетното влијание на УВ зраците), мелазма-пигментации со неправилен облик кои се предизвикани од хормонален дисбаланс (бременост, нарушена функција на ендокрините жлезди, контрацепција) и др.;

7. бројот  и  длабочината  на брчките – кои зависат од возраста, генетската предиспозиција, фотооштетувањето, како и од правилната нега;

8. акните и лузните од акни-лесна (комедоника, папуло-пустулозна) или акни-тешка форма (нодуло-цистична, конглобата) – кои може да резултираат со атрофични лузни доколку се третираат неадекватно.По ваквата детална анализа, дерматолошката дијагноза лесно се поставува, а потоа се врши и изборот на најсоодветните тераписки процедури.

Терапискиот план може да вклучува серија хемиски пилинзи, третмани со  аблативни и неаблативни ласери, хијалуронски филери, класични третмани, како и комбинација од повеќе дерматолошки процедури за оптимални резултати. Исто така, оваа едноставна неинвазивна процедура ни овозможува документирање на состојбата на кожата, пред и по третманот, кое е дефинитивен и неоспорен доказ за успешно спроведениот тераписки или корективен третман.

Во многу случаи, самото одредување на типот на кожата, а согласно со тоа и одбирањето на соодветната козметичка линија, е доволно за отстранување на некои кожни неправилности и промени.