Третман на цистични акни

Се работи за пациент на возраст од 18 години со цистични акни во градната  регија. Освен на лицето, како најчеста локализација, акните може да се појават и во другите себороични (со голема концентрација на лојни жлезди) регии, како градите и грбот.

По извршениот преглед беше направен тераписки план: антибиотска терапија преку уста (поради екстензитетот на зафатенити регии), локална терапија за дома, и дерматолошки третмани кои ќе ги изведуваме во ординацијата. Третманот го започнавме со хемиски пилинг, со цел да постигнеме добра екфолијација на задебелениот површен слој, да ја намалиме лојната секреција и да делуваме во правец на нормализирање на процесот на делба на кожните клетки. Потоа следуваше мануелна експресија на затворените и отворените комедони, кои претставуваат претходници на акните.

Бидејќи се работи за средно тежок облик на акни со формирање цисти, покрај стандардниот третман со Blue light ласерот, го употребивме и Green light ласерот – Hd Sag Lira, кој освен што врши оксигенација на ткивото и уништување на бактериите propionibacterium acnes, делува и на самата лојна жлезда во правец на нејзино намалување, како по обем, така и по количество на излачената лој. Беа спроведени 8 ласерски третмани, 2 пилинга и 3 мануелни експресии.

Резултатот е повеќе од очигледен.

Откако постигнавме стабилизација, продолживме со третмани за одржување еднаш месечно.