Дерматовенерологија

 Промените на кожата многу често се знак или предзнак за развој на болест на внатрешните органи. Секоја кожна промена треба да се провери,со цел навремено дијагностицирање и лекување на заболувањето.

ХЕРПЕС СИМПЛЕКС

Херпес е вирусна инфекција која еднаш здобиена, уште во раното детство се повторува во различни интервали во текот на целиот живот. Почнува со чувство на чешање ,пецкање, жарење, оток, напнатост на кожата, по што избиваат мали меурчиња во гроздест распоред исполнети со течност.

По 5-7 дена меурчињата се засушуваат,крастичките постепено отпаѓаат , а кожата целосно задравува без лузни.Мошне честа слика во нашето секојдневие.

Предизвикувач е вирусот херпес симплекс , кој се јавува во два облика- тип 1 кој е одговорен за појава на херпес на усните или лицето и херпес симплекс тип 2 кој најчесто го предизвикува гениталниот херпес. Иако повеќе од 90% од возрасната популација го носи вирусот тип 1, само кај 20-45% од носителите се среќава зачестена појава. Се пренесува преку воздухот или со непосреден контакт(бакнеж,плунка).До примарна инфекција најчесто доаѓа во раното детство,при играње, гушкање, но симптомите обично не се видливи.

Кога вирусот еднаш продре во клетките на епителот низ ситни оштетувања на кожата или слузниците , тој патува долж сетилните нерви до нервните ганглии, каде останува доживотно. Одредени ситуации го активираат притаениот вирус и предизвикуваат рецидив. Најчести тригери за тоа се-трауми и иритации на кожата, покачена телесна температура, УВ зраците, хормонални промени, стрес, замор, психичка напнатост, општ пад на имунитетот или имуносупресија предизвикана од некои лекови.

Херпесот може да избие и до 12 пати годишно што сериозно го нарушува квалитетот на животот.Третманот се состои во локална терапија со виростатик на почетокот , а потоа антибиотик кој би спречил евентуална секундарна бактериска инфекција. Биостимулативна терапија со меки ласери непосредно пред и веднаш по појавата на меурчиња го скратува времетраењето на инфекцијата и го намалува чувството на болка и жарење.

ХЕРПЕС ЗОСТЕР

1453297_410694749058001_939353449_nХерпес зостер попознат како зостер, е вирусна болест која се карактеризира со болен кожен осип во форма на меурчиња/везикули на еритемна основа и во ограничен простор на едната страна од телото (лево или десно).

Примарна инфекција со варичела зостер вирусот (ВЗВ) предизвикува акутна, краткотрајна болест позната како варичела или овчи сипаници и обично се јавува кај децата и младите.После примарната инфекција вирусот не се елиминира од телото и останува латентно присуте најчесто во нервните клеточни тела без да предизвикува некакви симптоми.

Години или децении по првичната инфекција како варичела/овча сипаница, вирусот може да се пробие од нервните клеточни тела по должина на нервите и да предизвика вирусна инфекција која се манифестира како болен осип на кожата во регионот на нервот. Дијагнозата се поставува со помош на анамнеза и клиничката слика на кожата.

Иако осипот обично заздравува во рок од две до четири недели, некои болни чувствуваат нервна болка во тек на неколку месеци па и години на местото на осипот, состојба која е наречена постхерпетична невралгија. Точниот механизам како вирусот останува латентно скриен во телото, а потоа повторно се активира, не е познат. Терапијата зависи од тежината на клиничката слика. Антивирусниот третман трае седум до десет дена, а најдобро е да се започне во рок од 72 часа од појавата на карактеристичниот осип.

Терапијата често се дополнува и со локални антисептици, аналгетици и витамини од Б-групата. Во последните години биостимулативните ласери покажуваат одличен ефект во заштита и побрза регенерација на зафатениот нерв, особено кај повозрасните пациенти каде состојбата е често следена со силни невралгични болки. Херпес зостер обично се јавува само еднаш во животот, како и варичелата, бидејќи се развива задоволителен имунитет кон истата болест.

АКНИ - најсовремени методи во лекувањето на акни

Најсовремен пристап во лекувањето акни со примена на конвенционална терапија, хемиски пилинг, мануелна експресија и комбинирана ласерска терапија INFRARED LIGHT, BLUE LIGHT,GREEN LIGHT. Третманите се безболни, безбедни и даваат брзи резултати.Ефикасното лекување на акните го намалува ризикот од појава на лузни.

ТРЕТМАН НА БРАДАВИЦИ, КОНДИЛОМИ, ПАПИЛОМИ, МОЛУСКИ

Verrucae (брадавици) – кожни  израстоци со различна големина и форма(топчести, кончести, лесно зарамнети), со боја на кожа или светло кафени ,локализирани најчесто на лице, дланки, под ноктите,  подлактици,  стопала. Предизвикани се од вирусна инфекција.Може да се јават кај сите возрасни групи.

Лек на избор е криотерапија-смрзнување со течен азот и ласер.

Mollusca contagiosa (вирусни папули ) – исполнети со беличаста сиреста содржина. Најчесто се јавуваат кај децата и тоа на лицето , вратот, под пазувте и на трупот.Овие промени можат да се јават и кај возрасни и тогаш се обично локализирани во перигениталната регија.

Се отстрануваат со течен азот.

Codilomata accuminata (кондиломи) – кожни израстоци во перигениталната регија предизвикани од ХПВ вирусот.Спаѓаат во групата на сексуално преносливи болести.

Лек на избор –криотерапија,смрзнување со течен азот.

Verruca seborrhoica (себороични кератози,старечки брадавици) – често светлокафеава до црна, на широка основа ,остро ограничена од околната здрава кожана промена ,на допир масна и мека.

Најчесто локализирани на трупот ,единечни или повеќе на број,се јавуваат после триесетата година.

Лек на избор-течен азот и ласер.

Keratosis actinica(keratosis  solaris, senilis) – еритемни кератотицни промени обично повеќе на број на фотоекспонираните регии(лице, деколте, усни, келава глава, врат ,горниот дел на шаките), кај луѓе со светол тип на кожа, по 50 годишна возраст.

Се  отстрануваат со киретажа или со течен азот.

ДЕРМОСКОПИЈА - Преглед на бенки (проста и дигитална дермоскопија), ран скрининг за навремено откривање меланом - рак на кожата

IMG_9762Бенките (невуси) се пигментни промени на кожата поради зголемено групирање на пигментните клетки(меланоцити) Тие одсекогаш представуваат страв кај луѓето, бидејќи можат да мутираат (трансформираат во еден од најмалигните карциноми кај човекот ,нарекуван меланом)

Секој човек има повеќе од десетина бенки на кожата. Тие може да бидат вродени или стекнати во животот. Бенките се бенигни израстоци на кожата со големина од зрно на просо до мал нокт.

Јасно се ограничени и округлести со рамни ивици со плосната површина или лесно избочени , а некои се придружени со влакна.Докажано е да вродените бенки поголеми од 6 мм,а во последно време веќе и над 3 мм., како и атипичните или диспластични форми во 30% од вкупниот број носат потенцијален ризик да се претворат во меланом. Бројот на Бенките може да се зголеми при зголемен хормонален физиолошки стрес во пубертетот или бременоста.

Не ретко , а посебно во последниот период , бројот на заболени од овој тип на меланома е во прогресивен пораст.

Причини за оваа појава се:

– Претерано сончање, особено пропратено со изгореници, пред се во раната детска возраст.

– Честа употреба на солариуми

– Перманентна механичка или друг вид на иритација на бенката(чепкање, чешање и сл.)

– Генетска наклонетост на карциноми

Промени кои укажуваат за малигна трансформација на бенката се: брз раст, појава на несиметрични и назабени ивици, промена на боја, зацрвенета околина, влажење и крварење на површината со присатни сензации на чешање и бол.При присуство на повеќето од овие симптоми задолжително треба да се бара преглед од дерматолог (а никако од надрилекари)како не би се изгубило драгоцено време за  навремена дијагноза.

Денес секаде во развиениот свет( а од пред неколку години и во нашата дерматолошка  ординација)  се  врши брзо ,неинвазивно (без биопсија) дијагностицирање на сомнителните бенки со дигитална дермоскопија со сигурност од 98%од прегледаните случаи. Врз определени промени детектирани во структурата на сомнителната пигментна промена се одлучува дали наодот е нормален или покажува почетен или напреднат стадиум на карцином.Дефинитивната дијагноза се поставува со оперативен третман на сомнителната промена проследена со хистопатолошка верификација.

ТРИХОСКОПИЈА - Дигитална дијагностика на коса и третман на сите типови на опаѓање на косата

55Дигитална дијагностика на коса која овозможува набљудување на влакното и кожата на главата со големо зголемување.  При прегледот се мери дебелината на влакното,квалитетот на влакното,густината и број на фоликулите,состојбата на кожата на скалпот. Сите овие податоци овозможуваат полесно и попрецизно поставување на дијагнозата по што следи и адекватен третман

ДИГИТАЛНА АНАЛИЗА НА КОЖАТА

pacientНајнов тренд во водечките светски центри на полето на дерматологијата и  естетската медицина е дигиталната анализа на кожата, со која започнува и завршува секој третман. Оваа сеопфатна анализа на основните параметри  што ја детерминираат кожата, ни помага да ја утврдиме фактичката состојба, да дијагностицираме какво било оштетување и потоа да го подготвиме  најсоодветниот тераписки план со кој ќе постигнеме најдобри резултати.

Skin analyzer апаратот преку дигитална анализа  на  серија фотографии со висока резолуција, со обична, поларизирана и УВ светлина, врши квалитативно, но и квантитативно одредување  на следните параметри  на кожата:

1. количеството на себум – продукт на лојните жлезди, кој е неопходен за одржување на хидролипидната бариера на кожата. Зголемената продукција на себум предизвикува масна кожа, склона кон акни, додека пак намалената продукција резултира со сува кожа, која е чувствителна на надворешните влијанија и склона кон црвенила и иритации;

2. степенот на хидратација – кој зависи од количеството вода врзано за молекулите на хијалуронската киселина во длабоките слоеви на кожата;

3. степенот на еластичност – кој зависи од бројот на колагени и еластични влакна во длабоките слоеви на кожата и кој по 30-тата година почнува да се намалува;

4. степенот на прокрвеност – кој зависи од состојбата на крвните садови, врз која најголемо влијание има животниот стил (исхраната, физичката активност, пушењето) како и постоењето  на одредени органски заболувања (атеросклероза, покачен крвен притисок, хормонални нарушувања, итн.);

5. големината на порите – која зависи од типот на кожата (масната кожа има поголеми пори), но и од степенот на цврстина и еластичност на кожата;

6. присуството на пигментации – сончеви пеги, старечки дамки (кои се резултат на штетното влијание на УВ зраците), мелазма-пигментации со неправилен облик кои се предизвикани од хормонален дисбаланс (бременост, нарушена функција на ендокрините жлезди, контрацепција) и др.;

7. бројот  и  длабочината  на брчките – кои зависат од возраста, генетската предиспозиција, фотооштетувањето, како и од правилната нега;

8. акните и лузните од акни-лесна (комедоника, папуло-пустулозна) или акни-тешка форма (нодуло-цистична, конглобата) – кои може да резултираат со атрофични лузни доколку се третираат неадекватно.По ваквата детална анализа, дерматолошката дијагноза лесно се поставува, а потоа се врши и изборот на најсоодветните тераписки процедури.

Терапискиот план може да вклучува серија хемиски пилинзи, третмани со  аблативни и неаблативни ласери, хијалуронски филери, класични третмани, како и комбинација од повеќе дерматолошки процедури за оптимални резултати. Исто така, оваа едноставна неинвазивна процедура ни овозможува документирање на состојбата на кожата, пред и по третманот, кое е дефинитивен и неоспорен доказ за успешно спроведениот тераписки или корективен третман. Во многу случаи, самото одредување на типот на кожата, а согласно со тоа и одбирањето на соодветната козметичка линија, е доволно за отстранување на некои кожни неправилности и промени.

ВЕНЕРОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ - дијагностика (земање брисеви) и терапија на полово преносливи болести

Овие болести се пренесуваат при сексуален контакт, многу ретко преку заразени предмети. За успешно спроведување на терапијата од големо значење е истовремено лекување и на партнерот(избегнување на пинг-понг инфекција). Најчести се: ХПВ инфекциите, генитален херпес, гонореа(трипер),негонороичен уретрит,инфекции со хламидија.

ФОТОТЕРАПИЈА (УВА, УВБ, УВА1 +УВБ)

Во третман на псоријаза, атопичен дерматит, егзем, соларни кератози, хипопигментации,келоиди и др.