Естетска Медицина

Клиничка субспецијалност која е фокусирана на патофизиологија на стареењето на кожата .

Со помош на минимално инвазивни процедури го подобрува изгледот на пациентот и  го зголемува  задоволството од личниот физички изглед. Меѓу петте најбарани третмани  на полето на естетската медицина покрај  ботоксот и хијалуронските филери се хемискиот пилинг, микродермоабразија и  ласерска епилација.

ХЕМИСКИ ПИЛИНГ (Neostrata, Mesoestetik)

Хемоексфолијација на површните слоеви на кожата доведува до подобрување на структурата , отстранување на пигментации, измазнување на фините линии и суперфицијални лузни од акни .Се изведува во серија од 3-6 третмани во интервали од 2-4 недели.

ЛАСЕРСКО ПОДМЛАДУВАЊЕ

Постојат два вида на ласери кои се користат за ова намена:

-неаблативни ласери(ELOS SYNERON, LYRA-ND YAG, IRIDEX) кои не го нарушуваат интегритетот на кожата и се дел од неинвазивните третмани за подмладување.Се прават во серија 3-6 во интервали од 3-4 недели.

-аблативни(FRAXEL CO2 laser,Erbium –Yag) кои прават микротрауми на кожата но , затоа ефектот на стимулирање на продукција на нов колаген кој ја затега и подмладува кожата е најголем, постигнуваат најдобри и најбрзи резултати.Се изведува еднократно или во серија од 3 на интервали од 1-3 месеци.

ВРОДЕНИ И СТЕКНАТИ ПРОШИРУВАЊА НА КРВНИТЕ САДОВИ

Хемангиомите се најчести вродени промени на крвните садови кои се манифестираат обично веднаш после раѓање. Може да бидат со виолетово-црвена боја или доколку се подлабоки со сина боја.Повеќето спонтано се повлекуваат во првите години од животот , обично до 3 или 5 годишна возраст. Најефикасно се отстрануваат со помош на ласер (ELOS SYNERON, IRIDEX LASERSCOP LYRA-ND YAG) .

Телеангиектазии-проширени капилари се најчестите стекнати нарушувања на крвните садови.

 Хемангиоми

 Проширени Капилари

 Пиоген Гранулом

ХИПЕРПИГМЕНТАЦИИ

Хиперпигментација е честа,обично безопасна промена на делови од кожата кои стануваат потемно обоени од околната нормална(здрава)кожа.Зборуваме за стекнати хиперпигментации.Ова потемнување се должи на висок од меланин-пигментот кој е одговорен за нормалната боја на кожата.

Постојат 3 основни прицини за потемнуванје на кожата:

1.Изложеност на сонце-основна задача на меланинот во вашата кожа е да ве заштити од штетното дејство на ув зраците. Кога кожата претерано се изложува на сонце или други вештачки извори на УВ зраци(солариуми) доаѓа до фотооштетување. Тоа најчесто се манифестира со помали кружни темни промени на откриените делови на телото, најчесто лице и горна страна на шаките т.н lentigo solaris/senilis. Бројот и големината на овие дамки расте со возраста и времето поминато на сонце,особено без заштита .

2.Хормонален дисбаланс -(меласма или члоасма)обично поголеми полиља на потемнета кожа како резултат на одредени хормонални пореметувања.Бременоста води до појава на т.н маска на бременоста на лицето но и на стомакот и други регии. Исто така и кај жените кои земаат контрацептивни таблети може да се тригерира истиот проблем.Одредени заболувања на жлездите со внатрешно лачење исто така може да доведат до хиперпигментации (болеста на Кушинг,болеста на Адисон, заболувања на тироидната жлезда и др.). Значи причина за овие хиперпигментации е хормонално нарушување но, сонцето ги потенцира .

3.Постинфламаторни пигментации-резултат на одредена траума(механичка, физичка,хемиска) или воспалителни процеси на кожата како:екцема, алергичен контакт или иритативен дерматитис , папуло-сквамозни дерматози,псеудофолицулити (по депилација со восок) , акни.

Терапија на хиперпигментациите:

ЛОКАЛЕН ТРЕТМАН со употреба на разни средства за избелување најчесто хидрокинон како монотерапија или пак во комбинација со други типични третмани кои на разни начини делуваат на меланоцитните клетки и синтезата на меланинот.Најчесто употребувани се : азелаична киселина, којикова киселина, арбутин , топични ретиноиди, витамин Ц и др. Терапијата е долготрајна(3-6 месеци)и токму поради тоа може да предизвика и иритации и несакани ефекти. Исто така е поврзана со многу егзацербации односно враќање на пигментациите особено во сончевите периоди. Затоа основен предуслов за успешност на терапијата е задолжителна употреба на заштита од сончевите зраци УВА И УВБ . Естетската медицина нуди нови безбедни козметолошки како и ласерски третмани кои даваат побрзи но и потрајни резултати.

ХЕМИСКИ ПИЛИНГ со овошни киселини кој преку ефектот на темелна ексфолијација, забрзување на клеточниот turn-over и симетрична редистрибуција на меланинските клетки доведува до посветол тен и избелување на хиперпигментираните регии.Потребни се најмалку 3 -5 процедури а се изведуваат во временски интервали од 2-4 недели.Типот на овошна киселина кој ќе биде користен го одбира дерматологот во зависност од типот на кожата и хиперпигментациите.

COSMELAN (Mesoestetic) дерматолошки третман кој вклучува нанесување на топично активни избелувачки агенси на кожата во вид на маска која се остава да делува 4-8 часа. Потоа се продолжува со соодветен локален третман (креми со истите активни агенси кои го блокираат ензимот тирозиназа и со тоа го намалуваат создавањето на меланинот) во наредните 3 недели.

ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАНИ-Кај полесни дисколорации се применуваат неаблативни ласери, додека за потешките и поупорните се применуваат аблативни ласери , но од типот на freksel CO² ултра пулсен ласер. Со фрексел ласерскиот третман ризикот од постинфламаторни пигментации е сведен на минимум бидејќи оштетувањето на ткивото е селективно (со помала инфламација) и опфаќа само 20% – 50% од третитраната регија . Резултатите се веднаш видливи – драстично подобрување на тенот но, и на тонусот и текстурата на кожата.(подмладуванје) Секојдневната употреба на креми со висок заштитен фактор ,минимум SPF 30, е неопходна за одрзување на постигнатите резултати кај било која од наведените тераписки опции.

СТРИИ

Линеарни лузни на кожата придружени со епидермална атрофија.

Се јавуваат кај кожа која е изложена на прекумерно, континуирано и прогресивно растегање.Најчесто се јавува во пределот на стомакот и градите кај бремените жени, на рамењата кај боди-билдерите, кај адолесценти со интензивен раст и луѓе со прекумерна тежина.

Со оглед на тоа дека се работи за еден вид лузна, комплетна резолуција на проблемот ретко може да се постигне. Од тераписките опции на располагање ни се два вида на третман, локална терапија со ретиноиди или овошни киселини и ласерски третмани со аблативни и неаблативни ласери . Ретиноидите не се употребуваат кај бремени жени.

Хемискиот пилинг постигнува ремоделирање и зацврснување на текстурата на кожата што стриите ги прави помали во обем и помалку видливи.Ласерските третмани даваат побрзи резултати и најдобро е кога се комбинираат аблативни со неаблативни ласери.Колку порано се почне со третманот толку и процентот на успешност е поголем.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕСАКАНИ ВЛАКНА

Ласерското отстранување на несакани влакна за да биде успешно и безбедно по однос на здравјето треба да се изведува со висококвалитетни ласери потврдено со FDA сертификат и да работат стручни лица кој имаат големо познавање искуство со ласерската технологија. Во ласерскиот центар Дерма Медика работиме со напредната Elight (elos технологија) Syneron и Iridex Laserscope Lyra i laser  Предности во однос на другите ласерски системи: Elight elos Syneron е единствен систем кој има и оптичка ласерска енергија и биполарна радио фреквенција(elos) и е со прв  и единствен FDA сертификат од таков тип. Може да работи и како ласер (ipl) доколку е исклучена биполарната радио фреквенција. При третманот кожата се лади со специјало патентирана сонда од 0-5 ° C  и континуирано се мери загреаноста на кожата. Доколку системот забележи можно прегревање на кожата, автоматски се исклучува.Поради тоа не може да дојде до изгореници, пурпура, лузни, хипопигментација.

Тоа не е случај и со останатите дерматолошки ласери или ипл системи. Затоа трајното отстранување на влакна со овој тип на ласер е најбезбедно. Биполарната радиофреквенција енергијата  со ласерскиот зрак може да продре до 5 мм во кожата и затоа успешно може да се третираат влакната на било која регија.  Тоа не е случај и со другите дерматолошки ласери  или ипл уреди каде зракот може да продре во кожата максимум 3.3 мм и затоа неможе да се отстранат влакната  кои се формираат во подлабоките слоеви од кожата. Со Elight(elos)  ласерот при  третманот во фоликулата се создава температура и до 100 ° C, Тоа не е случај и со конкурентните дерматолошки ласери кои можат да создатат температура максимум до 42 ° C, која не е доволна трајно да ги отсрани и посветло пигментиранита влакна. Сето ова Elight(elos) ласерот го прави помоќен и од најакиот диоден ласер. Со Elight(elos) ласерот трајно се отстрануваат сите типови на влакна од сите регии  и типови на кожа(од тип 1 до тип 6)  и истовремено се подмладува кожата, се стимулира нов колаген и еластин Iridex Laserscope Lyra i laser е прв ласер што има добиено FDA сертификат за трајно отсранување на влакна од сите типови на кожа(од тип 1 до тип 6. Единствен ласер чиј зрак продира 7.5мм во кожата што овозможува трајно да се отстранат и влакната кои растат најдлабоко во кожата ,како и поткожните влакна. Тоа не е случај и со другите дерматолошки ласери и ипл уреди каде зракот може да продре максимум 3.3 мм со што нема можност да се третираат сите влакна.Несаканите влакна се третираат со специјално димензионирана сонда со фото рисајклинг ефект  ( ласерскиот зрак што се одбива од кожата при третманот,се врака во сондата и повторно се усмерува во кожата) Тоа значи  махимално искористување на енергијата и немање на потреба вакната да се третираат со многу високи енергии како што е случај со диодните ласерски уреди што користат а  енергија  од 120Ј/цм². Кожата се лади  до 0 ° Ц . Со LYRA I ласерот може да се третираат и исончани кожи без последици.Со самиот третман се создава нов колаген и еластин во кожата потврдено со фда сертификат. Енергија на зракот на  LYRA I ласерот е иста во целото поле на делување , што не е случај со други ласери И ipl уреди кои произведуваат зраци што имаат импулси со многубројни оштри пикови кои се неефекти во третманите и се штетни по кожата Само овие два ласера работат на база на vortex технологија што значи дека не се уништува само коренот на влакното туку и сите клетки на 25 микрони по должина на влакното. Како резултат на оваа технологија се уништуваат и клетките што се предодредени за репродукција на веќе уништеното влакно. Затоа третманите со овие ласери се трајни, а тоа е докажано со над 40 клинички студии и FDA одобрувања.

 

ЛУЗНИ ОД АКНИ

Со оглед на тоа дека акните се јавуваат кај речиси 80% од популацијата на различна возраст разбирлива е честотата на проблемот со лузни од акни. Лузните се јавуваат најчесто кај потешките форми на акни, но не е исклучена  нивна појава и по несоодветно лекување на акните или манипулација од самиот пациент.

Поплитките лузни значително може да се измазнат со комбинирана локална терапија, неаблативни ласерски третмани и хемиски пилинг со сукцесивно зголемување на концентрацијата на хемискиот агенс.

Подлабоките  лузни може да бидат од типот ice pick, boxcar, rolling од кои најчести,но и најтешки за третирање се лузните во форма на врв од мразулец (ice pick).  Во нивниот третман супериорни  се аблативните ласери , посебно се издвојува ултрапулсниот CO2 ласер FRAXEL кој постигнува најдобри резултати бидејќи продира најдлабоко но,  без големо оштетување на околното ткиво.  Принципот на делување се базира на фракционирана фототермолиза. FRAXEL ласерскиот систем третира микроскопски волумени на кожа со секој пулс,оставајќи го околното ткиво недопрено што овозможува побрзо заздравување во споредба со традиционалните ласери. Оваа метода овозможува безбедни , ефикасни третмани со максимални резултати и минимално боледување.

Келоидните и хипертрофичните лузни  се третираат со криотерапија, интралезионална апликација на кортикостероиди и како најсовремена и најбрза метода ултра пулсен CO2 ласер.

БРЧКИ

најефикасен , со најкратко време на опоравок и најдобри резултати во светски рамки само во Дерма медика.