Fraxel ласер третман

image-52

image-47Денес, повеќе од кога и да е, луѓето сакаат да добијат млада, чиста и блескава кожа за најкус можен временски период, притоа без поголеми нарушувања и промени во секојдневниот изглед.

Како што пациентите имаат потреба од третман кој ќе се вклопи во нивната дневна рутина, така и лекарите мора да изнаоѓаат решенија за да одговорат на нивните барања.

Решението сега е откриено – и се нарекува фрексел ласер третман. Фрексел подразбира употреба на најновата ласерска технологија во естетската медицина, која ги стимулира регенеративните процеси на организмот  преку контролирано селективно оштетување на длабоките слоеви на кожата, што резултира со формирање нов колаген и нова затегната млада кожа.

Резултатот е драматична рејувенација за многу кратко време со минимален down time.Конвенционалните аблативни ласерски третмани (со целосно отстранување на површинските слоеви на кожата) се ефикасни, но доколку не се изведат стручно, може дојде до појава на сериозни нусефекти.

Овие третмани бараат подолго време на боледување (носење преврска до две недели, црвенило што може да трае и до 6 месеци). Од друга страна, пак,
неаблативните ласерски третмани имаат минимални нусефекти, нема боледување, но за да се постигнат добри резултати потребно е да се повторуваат многупати.

Фрексел технологијата е револуционерно решение. Благодарејќи на единствениот фракциониран модел на фототермолиза, фрекселот го обединува најдоброто и од конвенционалните аблативни и од неаблативните ласерски третмани, така што дава драматични резултати со минимално време на заздравување.

Во 2001 г., тим од инженери, истражувачи и научници ја поставија основата на новиот метод во ласерските интервенции на кожата, т.н. фракционирана фототермолиза. Овој метод овозможува безбедни, ефикасни третмани со максимални резултати и минимално боледување.

Фрексел ласерскиот систем ги третира микроскопските волумени на кожата со секој пулс, оставајќи го околното ткиво недопрено, што овозможува побрзо заздравување во споредба со традиционалните ласери. Овие т.н. микроскопски третман зони, се вертикални строго дозирани (по длабочина и ширина) аблации на површина од 1см2 на епидермисот и дел од дермисот, меѓу кои останува нетретирано здраво ткиво што  ја забрзува регенерацијата и го скратува времето на боледување на само 2 дена.

Со еден третман се поминува до 20% од кожата, поради што се потребни 3-5 третмани за постигнување оптимални резултати. Фрексел е прецизен и ефикасен и на деликатните делови, како што е областа околу очите и усните, вратот и градите. Ефикасноста и безбедноста на овој третман е потврдена со бројни клинички студии, за што сведочи и ФДА одобрувањето.Третманот започнува со темелно чистење на кожата и со нанесување на топичен анестетички крем за обезболување на местото 1 час пред третманот. Потоа, докторот поминува со ласерот преку кожата, при што пациентот чувствува лесно штипкање или пецкање. Пациентите го опишуваат како минимално болно. Третманот трае околу половина час.

По третманот треба да се очекува благо црвенило што ќе исчезне постепено во наредните два дена. Бидејќи следува процес на замена на оштетеното ткиво со ново, кожата лесно ќе се лупи во наредните неколку дена. Чувството на сувост и затегнатост се намалува со повеќекратно нанесување на кремови што ја хидрираат кожата и ја забрзуваат   епителизацијата. По 24 до 48 часа, пациентот може слободно да нанесува шминка и да оди на работа, односно да продолжи со своите секојдневни активности. За да се заштити новата кожа, задолжително е аплицирање на кремови со висок заштитен фактор и одбегнување на сонцето.

Првите резултати се видливи веднаш по третманот, но крајниот резултат еволуира во наредните 6 месеци, што претставува период во кој продолжува активната регенерација и ремоделирање на колагеното и еластичното ткиво.

Со овој третман се коригираат бројни неправилности на кожата, како: брчките, брчки околу очите и усните, опуштената кожа (кожа оштетена од хронолошкото стареење и штетното делување на сончевите зраци), проширените пори, пигментните промени  (старечки, сончеви дамки, мелазма пигментации од хормонален дисбаланс: бременост, контрацепција), лузните од акни, хируршките  или посттрауматските лузни и стрии.

Фрексел ласерот е идеален третман за бришење на трагите на времето од вашата кожа.

Вратете го назад часовникот, бидете 10 години помлади!